ТЕРА

REKLAMA???

Битола се простува од Кире Бабинкостовски – Мајмун

Почина Кире Бабинкостовски – Мајмун (1970 – 2026), поранешен тапанар на битолската музичка група „Чоканче“.

Роден во Битола, Бабинкостовски беше искрен љубител на музиката. Затоа и стана самоук тапанар што со својот ритам и со тапаните и со животот ги обединуваше луѓето околу себе. Како музичар, со извонредно чувство за звук и енергија, остави трага што ќе се памети меѓу сите кои го препознаваа и по членување во групата „Чоканче“. Учествуваше во бројни настапи и беше дел од музичкото живеење на градот.

 

Битола изгуби човек кој со своето присуство оставаше топлина, а ние изгубивме искрен пријател, боем и човек со големо срце. – велат членовите на култниот битолски музички состав.

 

Покрај музиката, ќе остане запаметен како дружељубив човек, боем и близок пријател на многумина.

 

Зад себе остава двајца браќа и бројни пријатели.

 

Телото на починатиот ќе биде изложено за последна почит во црквата „Св. Недела“ во 11:30 часот, а погребот ќе се одржи на Светонеделските гробишта во 13:30 часот.