Граѓаните реагираат за драстичниот скок на цената на костените во пресрет на Божикните празници.
Оревите се продаваат за 350 денари за кг. а цената на костенот е од 200 па до 300 денари за килограм.
Трпезата за Бадник ќе биде посна но, цените и оваа година се „мрсни“ велат граѓаните кои ги прават последните подготовки за Бадник и Божиќ.

Иако со скромен буџет на трпезата според традицијата ќе има од се по нешто: урми, сливи,ореви, костени и сезонско овошје.
Дел од граѓаните велат дека и маркетите претпразнично пак ги „набилдале“ цените, но, и покрај тоа, празнично секој купува според длабочината на џебот.
Со овие цени колку точно просечниот Македонец ќе треба да издвои за празничната кошница без да се задолжи, секој ќе дознае на крајот на јануари кој важи за најтешкиот и најдолгиот месец во годината.












