Тешки се симптомите на грипот кои се појавуваат во овој период, и покрај фактот дека е сезонско заболување. Според институтот за јавно здравје, нема корона, грипот се манифестира со нови симптоми , како отеченост на лимфините жлезди.
На крајот од месец февруари до Институтот за јавно здравје биле пријавени 3.035 групи пријави за заболени од грип, заболувања слични на грипоте. Оваа бројка била за 11.3 % повеќе во споредба со претходната недела. Имало и еден смртен случај асоциран со грип во овој период. Од новозаболените, 1.697 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 712, на возраст од 5 до 14 години, а 375 се деца на возраст до 4 години. Над 65 години се 251 лице. Од нив 306 биле во Битола.
Вкупниот број случаи на грип и слични заболувања во сезоната 2024/2025 изнесува 17.375, посочуваат од ИЈЗ. Споредено со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 36,4%, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 12,3%. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле 3 починати лица асоцирани со грип.
Но оваа сезона, грипот се манифестира со тешки симптоми, при што многумина веруваат дека имаат корона, но дека лекарите не ги упатиле ниту веднаш ниту по барање на тест за Ковид 19, иако грипот оваа година се манифестира со висока температура, силна телесна болка, натеченост на лимфните жлезди и исцрпеност што трае со денови, најпрвин сува кашлица којашто не мора да ја има, а потоа и кашлица со секрет и индивидуално чувство на оклоп во градите, проблеми со дишењето.
Од Институтот за јавно здравје, појаснуваат дека мутациите на грипот не треба да загрижуваат бидејќи тоа е нормално за сезонските грипови. Таа потенцира дека покрај грипот оваа сезона се детектирани и други респираторни вируси кои се својствени за овој период од годината. Од Комисијата за заразни болести следат 3 вируси кои предизвикуваат грип, но сметаат дека ниту еден не е поопасен од вообичаено.
Од ИЈЗ нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со осма недела, во Република Северна Македонија вакцинирани се вкупно 72.293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.
Фото насловна: unsplash












