ТЕРА

REKLAMA???

ГРОМ ЗАПАЛИ 4 КУЌИ ВО ПРИЛЕП

Удар на гром опожари четири куќи во Прилеп и остави 4 семејства без покрив над главата. Громот удрил пред полноќ, а цела среќа што еден од нив бил сведок и успеал да ги викне сите да се спасат.

– Спиевме и ги слушмнавме соседите како викаат да излеземе. Громот удрил на балконот и веднаш ги зафати куќите, сите четири се една до друга. Ако соседот не викаше, живи можевме да изгориме. Сега немаме ништо. Ве молам сите колку што можете да ни помогнете. Изгореното е сето што го имавме,вели Пецо Илиески.

– Си дојдов и пред очите гледав само пламен. Мојот дом, моето детство, спомените гореа. Како да ми гореше душата, а тука сите четири семејства сме речиси заедно, вели Марина Илиеска.

– Порано си легнавме, кога слушнавме брзо почнав да ја будам мајка ми која не се чувствуваше добро. Домот ни е уништен, вели Ивана Ѓорѓиеска.

Командирот на одделение во прилепската противпожарна единица Златко Наумоски вели дека веднаш стигнале, но чекале околу 25 минути за да се исклучи струјата.

– Кога стигнавме огнот беше разгорен. Зафатени беа четирите куќи, една до друга. Прво стигнаа две противпожарни возила и вкупно интервениравме со 10 и 17 пожарникари. Постоеше опасност и за друга станбена зграда.  Па, ги чекавме екипите да ја исклучат струјата, околу 25 минути. Се случило и порано да почекуваме. Немаше повредени, но итната помош интервенираше за луѓето да се смират зашто ова е голема трагедија. Помагавме да се евакуира и едно инвалидизирано лице, изјави Наумоски.

Локалната самоуправа најави помош и привремено сместување на луѓето.