ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ НА МАКЕДОНИЈА Е НА ПРАВИЛНОТО МЕСТО?

Се постилаше црвениот килим за фестивалот „Браќа Манаки“, дали државното знаме на Македонија е на правилното место?

Оваа фотографија е направена вчера околу пладне, каде се гледа дека државно знаеме е поставено на средина.

Во законот за употреба на државното знаме кој е од 1997 година, во членот 16 стои дека:

Ако знамето на Република Македонија се истакнува во Република Македонија заедно со едно или повеќе знамиња на други држави, или меѓународни организации, знамето на Република Македонија се наоѓа во зависност од начинот на поставувањето на тие знамиња:

1) во средината на кругот така што јасно да се гледа – ако другите знамиња се наредени во круг;

2) во средината на полукругот – ако другите знамиња се наредени во полукруг;

3) на чело на колоната – ако другите знамиња се наредени во колона;

4) на прво место во редот, односно од левата страна гледано однапред – ако другите знамиња се наредени во ред;

5) на чело на групата – ако другите знамиња се распоредени во групи.

Ако знамето на Република Македонија се истакнува заедно со други знамиња со вкрстени копја, копјето на знамето на Република Македонија мора да биде поставено пред копјата на тие знамиња, гледано однапред.