По трет пат или како што вели народната, дали градоначалникот на Битола Тони Коњановски ќе има трета трета среќа со парите за седумте улици, да поминат во Советот на Општина Битола. Веќе е познато се работи за пет улици низ Битола и две во Трново и Лисолај. Средствата се од Европската инвестициска банка, а проектот е преку министерството за животна средина за водоводни и канализациони мрежи.

На двапати од левата страна кажаа не и сега по третпат упорен Коњановски ги враќа пред советниците. В понеделник на првата наредна седница на советот ќе се најдат пред советниците.
Коњановски очекува зелено светло, односно носење на Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант.
За ова денеска побаравме став од СДСМ.
„По разгледување на комисиите доколку се одобрени од министерството и Европската инвестициска банка, како што кажавме и претходно кога ќе бидат одобрени тогаш ќе дадеме согласност“, вели советникот и координатор на советничката група Петар Николовски.

И додава дека како што им било кажано на претходната комисија, дека прво Советот носи приоритетни проекти кои едногласно ги изгласале, а после општинската администрација ги испраќа до министертсвото за животна средина и вели дека како што биле информирани на последната комисија, дека се на одобрување, евалуација, па после според тоа што ќе е прифатено се пишува договорот за грант за секој проект поединечно. И повторува Николовски, ќе видиме што ќе ни каже општинската администарција на комисија, дали има нешто ново.
Став побаравме и од ВМРО ДПМНЕ.
„Како советничка група, воопшто не очекуваме дека СДС ќе даде поддршка за одобрениот грант од Европската инвестициска банка, кој се имплементира преку Министерството за животна средина. За жал, нивната цел да се блокира искористувањето на овие финансиски средства во оваа градежна сезона е веќе остварена“, вели советникот од координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Понатаму бојкоски вели:
„Сепак, граѓаните треба да знаат дека ние сме тука да ги застапуваме нивните интереси, а не партиските интереси на одредени групи. Овие средства се одобрени за општина Битола како грант пари од ЕУ, пари кои не се враќаат назад, и се наменети за проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот во нашата општина.
СДС со своето однесување покажува дека е целосно одлепен од реалноста и од потребите на граѓаните. Наместо да работат за напредок, тие работат на блокади. Искрено, тешко е да се разбере како некој може да биде против користење на европски пари кои значат подобра инфраструктура, подобра животна средина и повеќе можности за локалниот развој.
Ние ќе продолжиме да се бориме за интересите на Битола и на сите граѓани, без разлика на политичките калкулации“ истакнува Бојкоски.

Парите се за проекти, односно реконструкција на водоводна мрежа и канализација на улилиците „Гаврило Принцип“, „Паца Ванчова“, „Влатко Миленковски“, „7-ма Бригада“, Булеварот „1-ви Мај“, и по една улица во селата Лисолај и Трново.
ВМРО ДПМНЕ има 13 советници. Ќе обезбедат ли уште тројца за со 16 гласа да поминат овие пари, ќе се знае в понеделник попладне.
Досегашната пракса покажа дека со парите од Европа тешко се минува меѓу овие редови.











