На почетокот на септември уште една седница на Советот на Општина Битола. Една од темите за политички пресметки, односно „билдање“ на рејтинзите пред локалните избори ќе бидат парите, односно извршувањето на Буџетот за вториот квартал.
Малку точки на дневен ред за 57-та седница. Пред советниците ќе се најде кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година.
Ќе го проблематизира ли некоја од советничките групи, како што било и досега или технички само ќе помини на гласање.
Дека би се откажале од намерата да нема вашите-нашите, односно владите на едните и на другите, е малку веројано, оти на последната седница од пред неколку дена кога беа основните училишта, не пропуштија политички да си поентира секој од своја позиција.
На оваа седница ќе се најдат и годишните извештаи за работата на средните училишта за ланската учебна година и програмите за работа на средните училишта во наредната учебна година.
А, тука имаат простор и можност да го повторат тоа од седницата кога беа основните училишта.
Чудо би било ако нема расправа и точките би оделе само на гласање, за она што пак на последната седница ќе го донесат како декларација за фер избори, веќе да го имаат потврдено на препоследната седница, односно да бидат коректни, оти не сите тркачи на локалните избори ја имаат можноиста да се најдата пред говорницата, се мисли на оние кои не се дел од овој Совет, а влегуваат во изборната битка.
Пред советниците и одлуката за утврдување и обележување на места за истакнување изборни плакати за избор на членови на Советот и Градоначалник на Општина Битола, како и одлука за начинот на користење на просториите во објектите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Општината Битола, за организирање предизборни собири од страна на организаторот на изборната кампања.












