ДАЛИ „ПАРКИНЗИ“ КАЖУВА ДЕКА ИЗДУВНИТЕ ГАСОВИ ЈА „ДУВНАЛЕ“ БОЈАТА?
3 јули 2025, 12:07 am
1888 прегледи
Array
Вчера главна вест во Битола беше Коњановски на точак како ги севтосува велосипедските патеки. Денеска откако се раздени, темата продолжи, но не со возењето и спотчето на градоначалникот, туку „Паркинзи“ претпријатието кои ги бележи патеките со соопштение насловено „Зошти на Битола и се потребни велосидски патеки? И приказната оди вака.
Локација: Пешачки премин на врстувањето на улиците „Ѓорѓи Наумов“ со „Партизанска“.
Време: Фотографиите од левата страна се сликани на 30.06.25 во 09:01 минута, а фотографиите од десната страна 48 часа подоцна. Пешачкиот премин е одбележан на ден 30.06.25 околу 02 часот наутро.
Што сака со ова да каже „Паркинзи“?
Објаснуваат дека како што се гледало на фотографиите веќе неколку часа по бележењето се формира талог од издувните гасови од возилата кои поминале на ова локација, а истиот после 48 часа е видливо зголемен. Раскрсницата на која е фотографирано не е со голем интензитет на сообраќај (барем не како улиците во центарот на градот).
Понатаму велат дека студиите кои го третирале загадувањето како главен фактор за загадувањето на воздухот во градовите го посочуваат сообраќајот, а загадувањето во нашиот град до сега било како тема третирано на најразлични начини од различни структури но до денешен ден освен разговори и дебати решението не е на повидок.
И велат цитирам: Талогот насобран на приложените фотографии е делот кој ние како граѓани „не сме го вдишале“. Секако дека сообраќајот или транспортот е неопходен и никој не може да го спречи заради тоа што е витален дел од нормалното функционирање на секој град, но индивидуалниот начин на превоз е наш избор кој зависи само од нас самите и само до нас е дали сеуште ќе се возиме сам по сам во автомобилите или ќе избереме алтернативен начин на превоз кој ќе не чини многу помалку а со тоа и придонесуваме за подобар и почист град, завршен цитат.
Потоа зборуваат за трендот на унапредување на велосипедкста култура, љубителите на велосипедизмот и нивната рамноправност.
„Паркинзи“ ни вели: „На нас како граѓани останува дали и ние ќе го следиме трендот или ќе останиме „робови на старите навики“. Што повеќе граѓани го искористат овај начин на превоз тоа помалку талог на улиците а со тоа и почист воздух“.
Откако кажаа како е во Европа, од сето тоа „Пркинзи“ го изведува следниот заклучок.
„Што повеќе битолчанки, битолчани и битолчанчиња на велосипед тоа помалку талог по улиците и низ нашите бели дробови, а кога тој број ќе биде доволно голем тогаш освен загадениот воздух од нашиот град ќе исчезнат и сообраќајниот метеж заедно со расправиите и нервозите, проблемите со паркирањето и еден куп други работи кои со себе ги носат“.