ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ ПРОФИТИРАА ЗАКУПУВАЧИТЕ НА КУЌАРКИ ВО ЗИМСКА ПРИКАЗНА ?

Празничната сезона помина и , веќе е време за заокружување на епилогот од празничната сезона. Граѓаните велат Зимската Приказна го исцеди нивниот јануарски буџет. Денеска во нашиот фокус прашањето дали закупците на божикните куќарки кај Офицерски завршија со добивка или во минус?

Предвреме затворени заради отсуство на промет, слабо осветлени, лошо организирани на студено време и, со слаб или нималку профит и поголем минус. Ваков е генералниот заклучок на и на закупците на куќарките кај офицерски кои 20 дена ја дополнуваа новогодишната забава понудена од Општината.

Заинтересираните ги добија овие куќарки по објавен Конкурс од Општина Битола,  со јавно наддавање и почетна цена за закуп на куќарка од 18.000 денари. Неофицијалните информации од некои од закупувачите кои разочарано раскажуваат но не сакаат да бидат снимени во камера,  велат дека цената за изнајмување на една куќичка стигнала и до 100.000 денари. Други пак, познавајќи го својот еснаф, шпекулираат и за наводно уфрлени лица на самото наддавање само за цената да биде повисока.  Како и да е, некои од нив не беа отворени во текот на сите 20 дена за кои го имаа звојот закуп.

Конкурсот на Опшитна Битола се однесуваше исклучиво на претпремачи кои се занимаваат со продажба на храна и пијалаци. Според добрите практики базирани на закони,  малите трговци и производителите на храна имаат посебни правила – на санитација, безедност на подготовката, сервирање, обучен персонал со посебни хигиенски дозволи за работа, дезинфекција на просторот.

Закупувачите раскажуваат и дека: Водата за куќарките била обезбедена од организаторот во поголема туба. На располагање имбил тоалетот во Офицерски и  тоалетот на кафулето „Јагода“.  Струјата што ја користеле – строго „определена“ – секоја од куќарките биле поврзани на сопствена склопка, но испаѓале „од системо“ доколку се вклучат повеќе апарати –  на пример греалка, тостер и фрижидер за пијалаци. Неколкупати така се исклучувала целата струја на сите 13 куќарки.  И сите овие услуги биле вклучени во цента што секој од нив поединечо ја достигнале на лицитацијата в Општина.

Посебна приказна е зимската приказна во првите 7 дена од годината. На крајот од тесниот пат кој ги води граѓаните што паркирале на паркингот до куќарките – била поставена малечка бина на која настапуала група.

На 4 јануари, кога се направени фотографиите и видеото, публиката „ниту трошеше ни слушаше музика“. Си зборуваа меѓу себе гостите кои се најчесто„фан група“ на музичката група. Во некои од седимте дена присутни биле само родители на  деца  кои се возеле на брендираниот „Мечо“.

„Посебна зафрканција беше Мечо“ – велат, кој така брендиран со една од големите фирми им се моташе низ нозе на потенцијалните купувачи на производите на овие претприемачи на кои,нели со куќаркиве, Општината им помага да се развијат.

Добро е велат некои од закупувачите со кои зборувавме изминатите денови, што ниту санитарна, ни трудова, ниту општинската комунална, а ни инспекција од УЈП не ги посетила во годинешните мачни новогодишни денови.

Дали ова последното може да го крене алармот, ако досега не го подигна степенот на внимание? Ова беше манифестација организирана од Општина Битола. Овие празници, сите манифестации кои се организираа настрана од Зимска приказна добија инспектори на посета, па наместо да се забавуваат – прегледуваа документи.

Аргументот против закупувачите на куќарки, дека нивните производи биле поскапи од вообичаено, сега паѓа во вода. Една работа води до друга, па високиот закуп, повторно според непотврдени информации и до 100 илјади денари за 20 дена за куќарка, доведе до потребата да се кренат цените на производите што се нудеа. Мала пластична чаша винце за 100 денари, сендвич со плескавица или колбас, 300 денари.

Економската анализа – закупувачите на куќарки ќе си ја направат сами. Врз основа на договорите коишто ги потпишаа со Општина и едните и другите ќе знаат дали се испочитувани договорите што се потпишаа непосредно пред почетокот на Зимска Приказна.

Ваквите информации ќе бидат потврдени или негирани  од Општината како организатор  на Зимска приказна, вклучително и запоставувањето на 13 куќарки за продажба на храна и пијалаци за време на организираниот дочек на Новата 2026 година. Градоначалникот најави дека граѓаните, јавноста ќе биде информирана од него на прес, а сите информации ќе бидат јавно достапни.

Дали кај закупувачите имало лош сооднос на трошоци и добивка, дали техничката поддршка – водата, струјата, бината и оркестарот на среде и „Мечо“ низ нив го ограничи успехот односно профитот на закупувачите на куќарките. Досега, според кажувањата на дел од нив, профит има само кај организаторот кој, барајќи ги парите достогнати на лицитирањето за пет дена по потпишаниот договор, ги исцеди нивните буџети и за крајот и за почетокот на годината.