По одлуката да ја замрзне цената на лебот на 33 денари, Владата подготвува замрзнување на цените и на други основни прехранбени производи.
Mинистерот за економија Крешник Бектеши рече дека во моментов се анализираат цените на тестенините и на млечните производи, а одлуката ќе биде објавена оваа недела.
„Сите производи кои се наведени во Одлуката за ограничување на маржата се анализираат. Во моментов конкретно се анализираат цените на тестенините и на млечните производи и најверојатно до крајот на следната недела ќе видиме што ќе покаже анализата и ќе донесеме соодветни одлуки“, рече Бектеши.












