Српската влада минатата недела објави дека на трговците во државата им наложила да ги намалат производите за храна и дел од тие за хигиена за 26,82%. Веста вирално се прошири, одлуката се реализира од денеска, а српските и македонските медиуми од утринава ги „бројат“ возилата кои влегуваат од Македонија.
Акцијта е насловенеа „Најдобрата цена“ којашто мора да биде пониска од сите промоции и акции што ги имале трговците. На листата се кафе, зачини, конзервирана храна, јаболка, компири, прашок за перење, детергенти и др.
Владата очекува краткотраен ефект за намалување на инфлацијата којашто во месец мај била 4,5%
На граничните премини Блаце и Табановце од камерите на Автомото сојузот на Македонија и Србија видлива е динамика, но треба да се има предвид и дека во 2024 година повеќе од 2.200 македонски граѓани преку Отворен Балкан станале работници во некои од фирмите во Србија и Косово.












