Софија Ристевска Петрушева од СДСМ на Седница на Совет на општина Битола, предложи да се врати старата цена на паркингот на територијата на цела Битола.
“Со оглед на фактот што граѓаните избегнуваат да се паркираат на овие екстремно скапи паркинг места, градот е во тотален хаос. Новите цени се вистински финансиски терор за граѓаните” – рече од говорницата советничката на СДСМ Софија Ристевска Петрушева.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 17 гласа против, не дадоа поддршка на предлогот на советниците на СДСМ, Советот да донесе Одлука за враќање на старата цена на паркинг услугите во Битола.












