ТЕРА

REKLAMA???

ДВА УПИСНИ РОКА ЗА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА И ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ

За уписи во средните училишта во општина Битола за учебната 2025/2026 година, предвидени се два уписни рокови:

ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:

* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.

* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.

АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:

* Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.

 

Битолските средни училишта ги нудат следните образовни профили:

 

–    СОТУ „ Ѓорѓи Наумов “

–    Машинска струка – четиригодишно образование

  • Техничар за компјутерско управување
  • Машински техничар/Машинско енергетски техничар
  • Машински техничар за моторни возила

–    Машинска струка – тригодишно образование

  • Заварувач/бравар-браварка

–    Електротехничка струка – четиригодишно образование

  • Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
  • Електротехничар за електроника и телекомуникации
  • Електротехничар енергетичар
  • Техничар за индустриска мехатроника

 

–    СОУ „ Таки Даскало “

–    Гимназиско образование

  • Природно-математичко подрачје
  • Општествено-хуманистичко подрачје
  • Јазично – уметничко подрачје

–    Графичка струка/сектор графичарство

  • Графички уредник-дизајнер
  • Графички техничар
  • Печатар

–    Сообраќајна струка/сектор сообраќај, транспорт и складирање

  • Техничар за патен сообраќај
  • Техничар за транспорт и шпедиција

–    Текстилно-кожарска струка/сектор текстил, кожа и слични производи

  • Техничар за дизајн на облека/Техничар за изработка на облека

–        Геолошко-рударска и металуршка струка/сектор геологија, рударство и металургија

  • Геолошко рударски-техничар

–        Градежно-геодетска струка/сектор градежништво и геодезија

  • Архитектонски техничар/Градежен техничар

–    Угостителско-туристичка струка/сектор угостителство и туризам

  • Хотелско – туристички техничар

–    Струка/Сектор лични услуги

  • Техничар за козметичка нега и убавина

 

–    СОЕУ „ Јане Сандански “

–    Сектор Економија, право и трговија

  • Економски техничар
  • Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг

 

–    СОЗУ „ Кузман Шапкарев “

–    Сектор Земјоделство, рибарство и ветеринарство

  • Агротехничар за традиционално и органско производство/техничар за ветеринарна медицина

 

–    СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито “

–    Гимназиско образование

  • Природно – математичко подрачје ПМА
  • Природно – математичко подрачје ПМБ
  • Општествено – хуманистичко подрачје ОХА
  • Општествено – хуманистичко подрачје ОХБ
  • Јазично – уметничко подрачје ЈУА
  • Јазично – уметничко подрачје ЈУБ

 

–    СОМУ „ Д-р. Јован Калаузи “

–    Сектор Здравство и социјална заштита

  • Медицинска сестра
  • Фармацевтски техничар
  • Физиотерапевтски техничар
  • Гинеколошко – акушерска сестра
  • Забен техничар

–    Лични и други услуги

  • Техничар за очна оптика