ТЕРА

REKLAMA???

ДВЕ-ТРИ СЕЗОНИ ПРОЛЕТ-ЛЕТО, ПРОБЛЕМ ИМАМЕ СО ЕВРАТА

Сезона пролет-лето. Не зборуваме за модатата, туку за една случајност како во Советот на Општина Битола баш тогаш заглавуваат пари од Европа.

2023-то лето господово проблемот беа европските пари за велосипедските патеки и тие останаа тема до пред некое време, кога и по неколку обиди Советот на даде зелено светло, па Општината ги започна со свои, односно пари на граѓаните.

Сега оваа пролет-лето како да ни се повторуваат нештата. Повторно европски пари, сега станува збор за 1 милион евра за седум улици, пет во градот и две во населени места, за водоводи и канализација.

Ппо трет пат Коњановски ја врати точката на седница на Совет. Пред тоа беше на комисијата за финсии и буџет.

И тука СДСМ кажаа дека нема да гласасат ниту за овие пари, оти не оделе работите како што требало, дециден е најгласниот во советничлката група, советникот Петар Николовски, кој пак најверојатно и се збуни со сумите, спомена некои 7 милиони.

На претходна седница кога исто така беа овие пари, тогаш советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски кажа дека процедурите се запазени, а СДСМ си тера по свое и блокира.

Вчера на пленарната седница се најдоа, дискусија немаше, а имаше гласање.  За малку ќе поминеа, но Корлевски и обрна внимание на Илиевска околу бројките, односно гласовите и точката беше констатирано дека не се изгласа, што за Бојкоски беше дискутабилно и побара да се провери деловникот. А, Илиевска му рече да си бараат после.

Инаку се работи за парите од Европската инвестициона банка, согласно одлуката од 2023 година, каде за општина Битола предвидени се 1 милиони евра за водоводна и канализациона инфраструктура, а што е проект преку Министерството за животна средина за сите општини во Македонија.