Од понеделник екипи на Центарот за јавно здравје-Битола ќе спроведува ларвицидна превентивна теристичка (од земја) дезинсекција на територијата на Општина Битола, со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во претпладневните часови. Ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурлии површини под вегетација, одводни канали во градот и периферијата.
Во вторник екипи на Центарот за јавно здравје Битола, ќе спроведуваат ларвицидна превентивна теристичка (од земја) дезинсекција на територијата на Општина Новаци, со цел уништување на ларвните облици на комарците












