ТЕРА

REKLAMA???

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД 20 МИНА СТОПАНСТВЕНИЦИ ОД ТУРЦИЈА ВО НОВАЦИ

Денес општина Новаци беше домаќин на бизнис делегација од општината Тире во Измир, Турција,која брои дваесетмина стопанственици, потенцијални инвеститори. Делегацијата ја предводат градоначалникот на Тире, Хајати Окуроглу, како и потпретседателот на најголемата стопанска комора во Измир Тире, Метин Акдаш, а во Новаци беа и  други претставници од економско-индустриската зона „Тире”, како и голем број на стопанственици од овој град.

Турската делегација  денеска оствари средба со градоначалникот Стевче Стевановски при што се разговараше за карактеристиките и потенцијалите на Општина Новаци и можностите за инвестирање на турски стопанственици во новата Индустриска зона во Новаци.

„ Особено мие драго што денес наши гости се нашите пријатели од Р.Турција, општината Тире, близу до Измир затоа што со нашите индустриски зони веќе имаме остварено заедничка соработка.Минатата година бевме во нивна посета и разменивме искуства се со цел да ја промовираме новата индустриска зона која во овие 3 години со интензив ни залагања е во напредна фаза на изградба се со цел да привлечиме потенцијални инвеститори од Р.Турција од областа на лесна и незагадувачка индустрија што впрочем и ќе биди дејноста на нашата зона. Интензивната работа која ја вложивме во изминатиот период сега ги дава своите никулци. Работиме на главните сообраќајници кои треба да ја поврзат Индустриската зона која ќе биди на површина од околу 20 хектари за општина како Новаци тоа е многу важно затоа што таа ќе ја развие економијата и квалитетот на животот на населението во Општина Новаци, а со тоа директно ќе придонесеме за развој на Пелагонискиот регион. Во зоната може да се изградат 15 фабрики, а половина од парцелите се продадени на домашни и странски инвеститори, најголем дел од Турција, односно од Сакарија, Газиантеп, а ќе има и од Измир .” рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Ова е возвратна посета, на минатогодишната средба на нашите претставници во Тире и Измир, која беше составена од повеќе компании и градоначалници од Пелагонискиот регион.

„Презадоволен сум што сум во Општина Новаци. Тука сум со делегација од најголемата бизнис комора. Гледаме дека во Општина Новаци има потенцијал за земјоделски развој и затоа во најкус рок како градоначалници јас и Стевче сакаме токму тука да ја пресечеме лентата на првата турска инвестиција.” рече Хајати Окуроглу, градоначалник на Општина Тире, Р.Турција.

„ Нашата посета ја реализираме со бизнисмени од повеќе различни сектори почнувајќи од градежниот до земјоделскиот сектор. Нашето искуство сакаме да го донесеме тука и да го правиме тоа што го правиме во нашата земја. Новаци и градоначалникот Стевановски брзо реагираат, нема пречки за инвестиции и задоволни сме од нивната љубезност. ” рече Метин Акдаш, потпретседателот на најголемата стопанска комора во Измир Тире, Р.Турција и менаџер на 8 компании.

Градоначалникот Стевановски им подари македонски везови со потекло од Општина Новаци на турската делегација додека ФК Новаци кои се натпреваруваат во втората македонска фудбалска лига им подарија дресови со нивните имиња на градоначалникот Хајати Окуроглу и  Метин Акдаш.