ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА ДО 19 СТЕПЕНИ

Утрово -3 степени во Берово, 0 Скопје-Петровец, 1 Битола, Струмица, Крива Паланка, Попова Шапка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Лазарополе, 3 Штип, Демир Капија, Крушево, 4 Прилеп, Дојран, Виница, Маврови Анови, 5 Претор, 6 Тетово, 7 Охрид, Дебар.  

Во текот на ноќта преовладуваше умерено облачно време. Утрово преовладува сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови е значително облачно и облачноста се проширува. Дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено изразен во западните делови каде на места засилува.

Денеска променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Битола до 19 степени.