Саботата на праведниот Лазар, во пресрет на Цветници, е посветена на воскресението на Лазар од Витанија, кого Исус Христос го воскресна од мртвите по четири дена во гробот. Овој празник е востановен во Ерусалим кон крајот на 4 век. По воскресението, Лазар бил епископ на Кипар. Во Лазарова сабота се слави посебен и многу шарен обичај познат како Врбова сабота. На овој ден се береле лиснати гранчиња од врба. Лазарова сабота, или Врбова сабота, е ден на детската радост.
ДЕНЕСКА Е ВРБИЦА – ЛАЗАРОВА САБОТА
















