Утрово -2 степена кај Лазарополе, 0 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Битола, 2 Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Крушево, 3 Претор, Демир Капија, Дебар, 4 Тетово, 5 Берово, Крива Паланка, 6 Куманово, Струмица, Штип, 7 Скопје-Зајчев Рид, 8 Виница, 9 Дојран, 11 Гевгелија.
Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, особено изразен долж Повардарието.
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Битола до 16 степени.












