Во 52 коло на Лото7 беа извлечени следните броеви: 10, 12, 16, 20, 22, 26 и 29. Добивка со седум погодоци немаше, а беа извлечени десет шестки, секоја од нив вредна по 21.703,00 денари.
Фондот за седумка за следното коло е 14.878.000 денари.
Извлечен беше џокер бројот: 7, 5, 6, 5, 7 и 1.
Државна лотарија денеска и утре денеска во Битола организира промоција и дружење со љубителите на игрите на среќа пред продавницата на Државна лотарија во Битола, на Широк Сокак спроти Центарот за култура.
Од Државна лотарија велат дека имаат подготвени и подароци за оваа дводневна дружба во Битола со љубителите на игрите на среќа.












