Денешниот состанок во Брисел, кој треба да се одржи во рамки на дијалогот и на кој ќе бидат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти, ќе биде исклучително важен. Оваа оценка ја даде специјалниот преставник на ЕУ за дијалогот на Србија и Косово, Мирослав Лајчак.
Лајчак на Фејбук, сумирајќи ја изминатата недела, наведе дека на маргините на Економскиот форум во Делфи во Грција се сретнал со Албин Курти во пресрет на најавената средна на високо ниво во рамки на дијалогот на 2 мај во Брисел.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. На средбата одржана на 18 март во Охрид се договорија и за анекс за имплементација на сите членови од договорот. Лидерите не го потпишаа договорот, а меѓународните актери тврдат дека двете страни се обврзани да ги спроведат сите членови од договорот.












