Утрово измерени 4 Целзиусови степени во Берово, 5 Лазарополе, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица, Попова Шапка, 9 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Маврови Анови, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес, Кавадарци, 11 Гевгелија, Крушево, 12 Виница, 13 Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2): 5 Лазарополе, 4 Охрид, Дебар, 1 Маврови Анови, Претор, Штип.
Во текот на ноќта променливо облачно, утрово е претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Дува слаб, на повисоките места умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне од 20 до 26 степени. Бо Битола максимални 23 степени.












