ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Денеска Советот на Општина Битола ќе ја одржи 25-та седница. Пред советниците ќе се најде квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Битола во четвртиот квартал од 2022 година, завршна сметка на општина Битола за 2022 година, годишен извештај на општина Битола за 2022 година, како и одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Битола за 2023 година.

Исто така за оваа седница предвидено е и носење одлука за поднесување на Барање за финансика поддршка до Владата на Република Македонија за решавање на проблемот со бездомните кучиња – скитници во општина Битола.

Советниците ќе распрваат и за утврдување додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на труд,  за реализација на детален урбанистички план за „ Централно градско подрачје – 1 дел“, на КП бр.2924 за КО Битола 4, како и за програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој во Општина Битола за 2023 година.