ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Денеска Советот на Општина Битола ја одржува 24-та седница. На дневниот ред на оваа седница се 34 точки, меѓу нив и одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2023 година, правилник за искористување на средствата од Програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата, Одлука за примање на трајно користење на движни ствари на Општина Битола за потребите на основните училишта.

Исто така пред советниците се и годишните планови за вработување на ЈП Комуналец, Битола за 2023 година, ЈП Пазари, Битола за 2023 година, на ЈППЈЛП Битола за 2023 година, потоа на Меѓуопштинско јавно претпријатие ПЕЛАЛИНК, Битола за 2023 година, како и измената на Годишениот план за вработување на Дом за стари лица „Сју Рајдер“Битола за 2023 година.

Пред советниците на оваа седница и иницијативата за решавање на проблемот со бездомните кучиња скитници во Општина Битола.   

Во точките и промена на статути на институции во градот и повеќе урбанистички плански документации.