ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СЕ РАБОТЕШЕ И НА „РУЖА ДЕЛЧЕВА“, ОД ПОПЛАДНЕВО ПУШТЕНА ЗА СООБРАЌАЈ

Уште една сообраќајница затворена во Битола. Конкретно во Нова Битола на познатата улица „Ружа Делчева“.

Причина е изградбата на топловодот. Сега оние кои доѓаат по улицата „Васко Карангелевски“, можат да го поминат кружниот тек до сообраќајницата која го пресекува патот кај поштата. Нагоре има забрана за движење по едната лента или онаа која слегува надолу кон кружниот тек, а слободна беше десната страна од коловозот за оние кои одеа кон ОУ „Климент Охридски“.

Лево пак надолу кон болницата е невозможно движењето во двата правци, бидејќи тука се главните изведбени работи, барем претпладнево кога снимавме.

Директорот на ЕСМ топлификација Горан Козаров ни кажа дека можно е тоа денеска да се заврши, а ако не, во најлоша варијанта до понеделник ќе биде готово, односно ќе се работи во деновите од викендот.

Попладнево како што рекоа од ЕСМ топлификација, сообраќајницата е пуштена за сообраќај.

Бидејки на повеќе места низ градот изминатиот период има затворање на сообракајници што заради топловодот, што заради улиците кои ги прави општината, односно ги реконструира, битолчнани стануваат се по нервозни.

Чести се коменатрите дека вака раскопан град до сега не било видено, други дека колите ги искршија, трете велат или да летаме или да се качиме на точаци.