ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СОНЧЕВО ВРЕМЕ

Утрово -3 степени на Попова Шапка, 0 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 1 Маврови Анови, 2 Крушево, 3 Охрид, Претор, 4 Прилеп, Штип, Демир Капија, Виница, 5 Тетово, Струмица, Дебар, Куманово, 6 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 7 Велес, 8 Битола, Дојран, 10 Гевгелија.

До утрово до 7 часото најмногу дожд 41 л/м2 наврнаа во Дебар, 34 Маврови Анови, 31 Попова Шапка, 26 Претор, 25 Охрид, 24 Куманово, 22 Скопје-Зајчев Рид, Пожаране, 21 Крушево, 20 Тетово, 16 Скопје-Петровец, 13 Прилеп, Виница, 12 Тополчани, 11 Крива Паланка, 10 Битола, 9 Лазарополе, 8 Дојран, Ѓуриште, 6 Штип, Велес, 5 Демир Капија, Берово, 3 Струмица, 1 Гевгелија.

Во текот на ноќта во поголем дел од земјава времето беше ведро, а во западните делови се задржа облачно. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец.

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени. Во Битола до 15 степени.