Утрово 0 степени на Попова Шапка, 2 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Претор, Берово, Куманово, 6 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 7 Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Виница, 9 Демир Капија, Струмица, 10 Гевгелија, Дојран.
Најмногу дожд 24 л/м2 наврнаа во Дојран, 17 Гевгелија, 16 Струмица, 6 Берово, 5 Прилеп, 3 Претор, Пожаране, 2 Битола, Демир Капија, Виница, 1 Крива Паланка, Штип, Крушево, Куманово.
Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд претежно со слаб интензитет, а во југоисточните делови врнежите на места беа пообилни. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е облачно со слаб локален дожд.
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне и во текот на ноќта наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени. Во Битола до 12 степени.












