Утрово -5 степени на Попова Шапка, -2 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, -1 Берово, 0 Крива Паланка, 1 Претор, Битола, Прилеп, Виница, Дебар, 2 Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Дојран, Куманово, 3 Скопје, Охрид.
Најмногу дожд 10 л/м2 наврнаа во Пожаране, 7 Гевгелија, Крушево, 6 Струмица, 5 Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка, 4 Дојран, Тополчани, 3 Битола, Берово, 2 Претор, Прилеп, Куманово, 1 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Виница, Ѓуриште.
Највисока снежна покривка од 84 см има на Попова Шапка, 19 Маврови Анови, 10 Лазарополе, 6 Крушево, 4 Берово, 1 Ѓуриште.
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, на планините и на повисоките места со врнежи од снег, а во пониските со врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето денеска облачно и студено со повремени врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 0 до 4 степени. Во Битола до 2 степени.












