Управата за хидрометереолошки работи (УХМР)за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветер и тоа претежно од северен правец.
Во Битола и околината се очекува температурата да се движи меѓу 8 и 20 степени Целзиусови. Во државата максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.
Државата е сеуште под влијание на влажен бран. Водениот талог од синоќешниот дожд во Битола изнесува 5 литри на метар квадратен, 8 во Струмица, 6 Попова Шапка, 5 Битола, 4 Кавадарци, 3 Охрид, Крушево, Маврови Анови, Пожаране, 2 Тетово, Демир Капија, Претор, Тополчани, 1 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Берово, Лазарополе.
УХМР и за утре предвидува врнежи од дожд.












