ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕС НА ИНТЕРФЕСТ: КОНЦЕРТ НА СОПРАНИСТКАТА КАРДУЛО И ПИЈАНИСТКАТА НОКИЕРО ОД ИТАЛИЈА

Вечер со почеток од 20.30 минути, на програмата на Интерфест е концертот на италијанската сопранистка Вероника Кардуло и  италијанската пијанистка Дијана Нокеиро. Концертот ќе се одржи во Офицерскиот дом .На програмата се дела од Пучини, Русини , Верди, Бизе, Шуберт итн.

Сопранот Вероника Кардуло е добитник на бројни национални и интернационални награди. Настапувала на оперските сцени во Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Шпанија  во водечки оперски улоги од оперите на Моцарт, Росини, Верди, Пучини, Доницети, Маскањи, Бизе. Нејзината концертна дејност покрај рецитални програми опфаќа настапи во ораториумите на Вивалди, Хендл и Верди.

Пијанистаката Нокиеро дипломирала на Државниот музички конзерваториум „Антонио Вивалди“ во Новара. Таа развива исклучително плодна концертна дејност во Италија, Европа и целиот свет. Настапува како солист и член на различни ансамбли како Националниот оркестар на Малта, Лондонскиот гудачки оркестар, Гудачкиот оркестар на Буеноос Аирес итн.