ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕШНОТО НЕВРЕМЕ ЈА ОДМИНА БИТОЛА

Максимални 32 степена беа измерени денеска во Битола.

Врнежи од дожд имаше во Лазарополе, Маврови Анови, Прилеп, Претор, Крушево и Охрид.

Од пладне имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и  грмежи, кој подоцна се интензивираше и во повеќе места беше во форма на невреме со засилен ветер и локална појава на град.

Поинтензивни процеси имаше во Куманово, Пробиштип, Кратово, како и во подрачјето помеѓу Штип и Свети Николе.

Нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и во Гевгелиско и кон Дојран каде се поместуваше нестабилнста кон југ, а пред тоа помина низ Тиквешијата, охриско-струшкиот регион, исто така и во Прилепскиот крај.

Битола беше одмината од невремето, иако повремени грмежи се слушаа од југоистокот.                   

Утре претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Утринската во Битола околу 15, а дневната до 30 степени.