Денот на планетата Земја е празник на единствениот дом на сите живи суштества. Се одбележува ширум светот на 22 април. За првпат е одбележан во САД во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Датумот е прифатен како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година во Рио дe Жанеиро.
Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста за значењето на зачувувањето на животната средина.

Зголемувањето на бројот на населението на Земјата и забрзаната индустијализација доведуваат до загадување на воздухот, почвата и водата. Последите стотина години планетата земја доживува поголемо загадување од милиони години наназад. Неодговорното однесување на човекот доведе до климатски промени, до појава на ефект на стаклена градина, до глобално затоплување, до исчезнување на многу растителни и животински видови од лицето на Земјата.
Денот на планетата Земја претствува можност секој жител на планетата да размисли за своето однесување спрема Земјата и да придонесе да биде почиста и поубава. Само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот. Со заеднички сили треба да се работи на подигање на свеста за потребата за заштита на животната средина и одговорно однесување на секој поединец.

Ова се фотографии направени во градскиот парк во Битола.
А, пред празникот Велигден, механизација на ЈП „Комуналец“ чистеше депонија кај старите гробишта во Битола.

Неколку дена пред тоа чистеа депонија и во речното корито на реката „Драгор“.













