ТЕРА

REKLAMA???

ДЕТАЛНИТЕ ПЛАНОВИ И ЛЕГАЛИЗАЦИИТЕ НА КОМИСИСКА РАСПРАВА

Програмата за измени и дополнување на програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2025 година, беше една од точките на седницата на Комисија за урбанизам и заштита на животната средина.

Претседателката на оваа комисија советничката Трајковска како што рече, сакаше во интерес на јавноста да ја објасни оваа точка, согласно добиените материјали и законските измени во законот за урбанизам.

Претставникот од општинската администрација, раководителот на одделение Христијан Атанасовски кажа дека се предлага бришење на неколку точки, за просторот кој претходно беше третиран како земјиште вонопфат на урбанистички план.

Констатацијата на Трајковска беше дека ова е во интерес на граѓаните. Праша дали некој сака да праша.

И бидејќи немаше прашања, односно дискуси помина на следната точка, а таа беше одлука за утврдување на нацрт детален уртбанистички план за кој Трајковска кажа дека согласно законските одредби деталните планови покрај тоа што тие ја прифаќаат иницијативата, два пати одат на согласност во Советот.

Таа побара од сите советниците кога ќе биде објавена јавната анкета да земат учество, да учествуваат на јавната презентација на планот, за да можат поконкретно да согледаат за што се работи и да ги дадат нивни забелешки, ако ги имаат.

Претставникот на општината Атанасовски кажа дека после јавните презентации и јавните анкети, во наредна фаза повторно ќе дојде на седница на Совет каде што ќе се носи одлука за донесување на урбанистичкиот план, но тоа е откако ќе се добие согласност од ресорното министерство.

Никој од советниците немаше прашање и за оваа точка. Продолжија со одлуки за донесување на технички исправки во детални урбанистички планови, а потоа и со точките за легализирање на бесправно изградени градби.

Сето ова ќе биде на денешната седница на Советот.