ТЕРА

REKLAMA???

ДЕТСКАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ТРИТЕ ПРАСИЊА“ ИЗВЕДЕНА ВО БИТОЛА

Конечно и во Битола се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена. Станува збор за детската театарска претстава – мјузиклот “Трите прасиња”.

Оваа атрактивна детска претстава веќе неколку пати ги полни салите низ градовите во цела Македонија, а сега по барање на битолската публика гостуваше и во нашиот град. Детскиот музички спектакл, беше изведен на сцената во големата сала во Центарот за култура во Битола.

Професионални маски, одлично адаптиран детски текст, повеќе новокомпонирани детски песни специјално создадени за оваа театарска претстава за деца, беа само дел од мјузиклот “Трите прасиња“. Креатор на настанот е “Балада арт продукција“.