Конечно и во Битола да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена. Станува збор за детската театарска претстава – мјузиклот “Трите прасиња”.
Оваа атрактивна детска претстава веќе неколку пати ги полни салите низ градовите во цела Македонија, а сега по барање на битолската публика ќе гостува и во наиот град. Детскиот музички спектакл, ќе биде изведен на сцената во големата сала во Центарот за култура во Битола на 25.03. (сабота) со почеток во 11.30 часот.
Картите се веќе пуштени во продажба на Билетарата од “Центар за култура” – Битола, секој ден до сабота од 11 до 20 часот. Професионални маски + одлично адаптиран детски текст + повеќе новокомпонирани детски песни специјално создадени за оваа театарска претстава за деца, се само дел од мјузиклот “Трите прасиња“. Креатор на настанот е “Балада арт продукција“. Бројот на карти е ограничен!












