Зголемен откуп, намалено шумско производство и благи ценовни поместувања во агросекторот: анализата на статистиката за трето тримесечје и октомври 2025 посочува на промени во земоделството, раст на трошоците и пад на цените на растителните производи.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, земјоделството и шумарството во Северна Македонија во третото тримесечје од 2025 година бележат различни трендови: силен раст во откупот на земјоделски производи, благо намалување на шумското производство и умерени ценовни промени во агросекторот.
Откупот и продажбата на земјоделски производи во периодот јули–септември 2025 година достигнале 5.2 милијарди денари, што претставува зголемување од 10.4 % споредено со истиот период лани. Ова подразбира дека Откупот од индивидуалните земјоделци е зголемен за 12 % И, дека Продажбата од сопствено производство бележи раст од 8.8 %. Бројките укажуваат на стабилизирање на земјоделското производство и пораст на побарувачката на домашниот пазар. – сметаат од Државниот завод за статистика.

Шумскиот сектор покажува поинаква динамика. Вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми во третото тримесечје од 2025 година изнесува 139. 342 м³, што е намалување од 4.3 % во однос на 2024 година. Најзначајнитер показатели велат зголемена е продажбата на трупците од иглолисни видови, што може да укажува на зголемена потреба за градежништвото. Од друга страна пак е забележано намалување на другите шумски производи меѓу кои и огревното дрво. Продажбата на шумски сортименти, сепак, е зголемена и достигнува 145 162 м³, што е раст од 1 %.
И покрај позитивните промени кои се бележат, Државниот завод за статистика меѓу расходите и приходите од земјоделствотоноси негативни заклучоци. Во октомври 2025 година цените во земјоделството покажуваат различни промени кај инпутот и аутпутот.
Инпутот – трошоците на производителите бележат Вкупно зголемување од 1.7 %. Инпут 1 или тековно потрошени средства во земјоделството е +1.5 %, а Инпут 2 – средства за инвестиции се +4.9 %.

Аутпут – цени на земјоделските производи бележат Вкупно намалување од 1.6 %. Во растителното производство – минус 3,2%, во добиточното произвиодство + 3,7% . Анализата на овие податоци укажува дека земјоделците се соочуваат со растечки трошоци, а дел од производите – особено растителните – се продаваат по пониски цени, што може да ја намали нивната профитабилност.
Сиве овие податоци посочуваат на позитивни трендови во откупот на земјоделските производи, но и предизвици во шумарството и во ценовните односи на агросекторот. Зголемените трошоци за производство и намалените цени на дел од земјоделските производи може да создадат притисок врз производителите, иако побарувачката и продажбата остануваат стабилни.












