Како некогаш изгледала Битола?Тоа денес можеме да го видиме со помош на новите технологии. Дигитален креатор ја оживува историјата на Битола. Старите битолски фотографии и објекти добиваат нов живот.

Томи Димовски е познат на социјалните мрежи како БТ ТајмМашин. На историски познатите фотографии им дава нова димензија. 4 ноември и делата на познатите историчари и хроничари се негова инспирација, а графичарите негови ментори. Со својата вештина дава нов живот на историски популарните слики, но и нова перспектива за познатите настани. Вклучително 4 Ноември.
Најпрвин зборувавме за името BT Time Machine – што во слободен превод би била битолска временска машина. А на 4 Ноември гледа како на свет ден.
Томи ја користи новата дигитална технологија и вдахнува боја и движење на старите фотографии. Има големо познавање и секојдневно истражува историски и архивски материјали за да креира што може повеќе автентична подвижна слика којашто дополонително ќе ја раскаже историската приказна. Toj e AI артист или ВИ уметник.
Вели за да бидеш АИ артист треба да спојуваш знаење од седум професии.

Започнал кога неговата сестра побарала да направи како неговиот внук да јава диносаурус. Тој привичен труд го натера последните две години да ги минува во сопствено надградување, читање на литература за се порзано со ВИ и креирањето на филмови. На неговата Инстаграм и Фејсбук страна може да се видат сите направени видео – од најмалото, на фотографија на султан, до документарецот во 4 дела посветен на семејството Балабан.
Потрагата по различен софтвер го доведе и до обновување на својата режисерска пасија, учење и работа со светло, поголема соработка со графичари, уметници, историчари, историчари кои сакаат да бидат новинари. Пристигнале и првите негативни, ама и позитивни реакцвии од стручната јавност.
Томи рботи документарци, АИ креации долги и до 8 до 10 минути. Потребно е да се направи движење од по 5 сескунди, а за една креација му требаат и до 3 недели.

Да се биде уметник, со дигитални алатки е новина како што фотографскиот апарат ги изненади сликарите, вели Томи, ама фотографиите сега се најбарана уметност. А тој не го работи ова со полно работно време, напротив, од љубов, затоа што му е интересно и со една цел.

Инспириран од добитници наљ 4 ноемврирсњката награда и Томи се надева, повеќе директно работи на оставање белег во историјата на градот што ќе го доведе до оваа престижна награда. Дотогаш, од неговиот креативен ум ќе произлезат уште ногу видеа кои ќе го покажат животот на Битола во едни други времиња.
Во прилогот подолу 10 минутниот разговор со Томи Димовски, што ве води до YouTube.
Фотографии: bttimemachine












