Дизелот поскапува за 2 денари по литар, бензинот за половина денар

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,24%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,724 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 75,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 77,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 67,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,724 (денари/килограм)

Сподели