ДИК ги подигна гласачките ливчиња од печатницата „Киро Дандаро“. За првиот круг се испечатени преку 4 милиони 613 илјади ливчиња. Најдолгото е 50 см. Започна дистрибуцијата на избирачкиот материјал.

Денеска од печатницата Киро Дандаро членовите на Државната изборна комисија го подигнаа доверливиот избирачки материјал. Со оглед на роковникот за спроведување на изборите ова подразбира дека државата е на три дена пред денот за гласање. ДИК денеска ќе ја спроведе дистрибуцијата до избирачките единици.
17 тимови на ДИК ја вршат дистрибуцијата денеска. Ова е најтешкиот дел од спроведувњето на изборниот процес , транспортот и преземањето на материјалот – дистрибуцијата во основа има безбедносен ризик. Оттука и присуството на тимови од МИнистерството за внатрешни работи. Вкупно се испечатени 4 милиони 613 илјади и 438 гласачки ливчиња – ливчиња за градоначалници и советници.

Гласачките ливчиња се печатат со сигурнони елементи неопходни за обезбедување на тајноста на гласањето. Печатењето на изборните, гласачките ливчиња е најсложената операција којашто се реализира во реномираната Киро Дандаро. – вели Вангел Талевски, генерален директор на оваа битолска печатница.

Сложената операција на контроли се однесува и на содржината на избирачките ливчиња, секој учесник треба да биде правилно напишан. Годинава овој сегмент го усложни фактот дека некои од политичките партии во различни општини имаат различни коалициони партнери – ВМРО-ДПМНЕ има единаесет, СДСМ уште три-четири, што подразбира различна подготовка за печатење и претходна проверка, а тука е и должината на гласачкото ливче .

Денешната операција на ДИК значи дека започна финалната подготвителна фаза од спроведувањето на локалните избори 2025 . Во единственито избирачки список се запишани 1 милион 832 илјади и 415 избирачи, ќе се гласа на 3.480 места но ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во 6 избирачки места нема запишано гласачи затоа што нема население. Во текот на денот до општинските изборни комисии треба да стигне и другиот материјал – паравани, уреди за отчитување на биометриски податоци. Набљудувачи од политичките партии, здруженија на граѓани и меѓународни организации го набљудуваат овој процес.











