ТЕРА

REKLAMA???

ДИСКУСИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ: ПРЕЧКИ И МОЖНОСТИ ЗА ЖЕНИТЕ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими заменик извршната директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, UN Woman, Њараѕаи Гумбонзванда.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за постигнатиот напредок во земјата во однос на родовата еднаквост, ефикасноста на стратегиите за борба против родовото насилство, можностите за економско зајакнување на жените и зголемување на нивната застапеност на лидерски позиции.

Соговорничките се согласија дека еднаквото учество на жените во креирањето на политиките, како и во областите на одбраната, безбедноста и меѓународните односи, е од суштинско значење за инклузивен и одржив развој. Во оваа дискусија беше истакнато дека родовата нееднаквост е особено повидлива на локално ниво, каде жените кои се стремат за лидерски позиции се соочуваат со бројни бариери од патријархалните вредности и родовите стереотипи.

Претседателката нагласи потребата од поголеми инвестиции во програми за создавање поправеден пазар на труд, основан на рамноправност и еднакви можности за жените и мажите. За унапредување на родовата еднаквост и подобрување на статусот на жените во јавниот и приватниот живот, таа истакна дека земјата ќе продолжи со усогласување на националните стратешки документи со Агендата за одржлив развој 2030 и Цел 5 за одржлив развој: Родова еднаквост.

Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази својата целосна посветеност на подигање на свеста за прашањата за родовата еднаквост и поддршка на иницијативите за унапредување на статусот на жените во општеството. На крајот, таа изрази уверување дека блиската соработка со агенциите на ОН и UN Women ќе продолжи и ќе се продлабочи, со цел обезбедување на родовата еднаквост како приоритетна задача на националната агенда.