ТЕРА

REKLAMA???

„ДИЏЕЈ АХМЕТ” ЈА ВООДУШЕВИ ЕВРОПСКАТА ПУБЛИКА

Во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм Диџеј Ахмет”, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност.

Пред почетокот на проекцијата, пред присутните се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека прикажувањето на македонски филм во срцето на Европа претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната кинематографија.

По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.

Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери.