ТЕРА

REKLAMA???

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Друштвото на писателите на Македонија го одбележа своето 76 годишно постоење со доделување на традиционалните награди за 2022 година и прогласување на почесни членови на ДПМ од странство.  За 76-годишнината зборуваше претседателот Христо Петрески.На манифестацијата наградата „Ацо Шопов“ беше врачена на битолскиот писател Зоран Пејковски за поетската збирка:„Убавите жени“. Со доделувањето на наградата „Ацо Шопов“ ДПМ.се придружи кон прославата на 100-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски поет Ацо Шопов.

Покрај Пејковски наградени беа и Венко Андоновски, со наградата „Стале Попов“ за делото „Папокот на светлината“, Соња Стоименска-Елзесер за „Книжевен бинокулар“ и Ели Маказлиева за делото „Чудесен дар во годишен календар“.Одлуките и образложенијата за наградите и соопштија претседателите на жири комисиите: Александра Јуруковска, Марина Мијаковска, Зоран Анчевски и Кристина Николовска, а наградите ги врачи претседателот на друштвото на писателите, Христо Петрески.

Доделувањето на овогодинешните награди во ДПМ. започна со перформанс и едноминутно молчење во чест на настраданите во Турција и Сирија. Акцијата за финансиска поддршка ја организираше друштвото во соработка со писателот Андоновски. Тој на ликовни платна, испиша петнаесет одбрани авторски реченици-пораки, истите ќе бидат понудени на аукција на компании во Скопје и пошироко. На церемонијата беа прогласени и тројца нови почесни членови на ДПМ., Златко Крамариќ од Хрватска, Ала Шешкен од Русија и Ана Багрјана од Украина.