На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, традиционално беа доделени наградите на поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело. Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата 4-ти Ноември, по пристигнатите пријави, одлучи наградата за животно дело, годинава да ја добие ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Панде Петровски е реномиран ликовен уметник, педагог, афористичар, хуморист и карикатурист, илустратор и сценограф, кој остави огромен белег не само во битолската, туку и во македонската уметност. Особено, неговата вредност, пред се е како човек, кој постојано и до ден денес, твори и живее за уметноста.
Според одлуката на Управниот одбор, за едногодишни постигнувања наградени се следните кандидати, од областа на културата и образованието:

Игор Трајковси Фоја – автор, визуелен уметник, писател, поет, драмски автор и културен активист, кој во изминатата година реализираше низа значајни акативности и дела со кои даде извонреден придонес на полето на културата.
Мартин Мирчевски – актер и режисер во Националната установа Народен театар Битола. Минатата година, тој е добитник на две престижни награди од областа на уметноста, истовремено на сцената реализирајќи актерски улоги со зрел актерски пристап.

Дарко Секуловски – награден за културен придонес во промоција на градот Битола, особено преку најновите, современи алатки, односно фејсбук порталот „Просечен Битолчанец“.
Основно училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“. Во периодот 01.08.2024до 31.07.2025 година, инситуцијата постигна значајни достигнувања солицата со посебни потреби во областа на образованието, воспитувањето,културата и други општествени сегменти. Реализирале голем број културни настани, работилници, акции ….

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски им ги врачи наградите на најуспешните и при тоа, во своето обраќање истакна дека денес, кога се поклонуваме пред спомените на минатото, не треба да заборавиме дека најголемата почит кон хероите е нашето дело кое го создаваме.


Уметничката програма во рамките на свеченоста, беше во изведба на пијанистката Теодора Капинковска.












