Седум (7 л/м2) литри на квадратен метар наврнале попладнево во Битола информира УХМР. Повремените а интензивни врнежи ќе продолжат и во текот на вечерните часови и во следните два дена е новата прогноза, којашто објаснува дека државата е под силен влажен бран.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Во југозападните и централните делови имаше изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Дуваше слаб до умерен, во Пелагонискиот регион и долж Повардарието повремено засилен јужен ветер со брзина над 45 km/h.

Во текот на денот имаше променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Во југозападните и централните делови имаше изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Дуваше слаб до умерен, во Пелагонискиот регион и долж Повардарието повремено засилен јужен ветер со брзина над 45 km/h. – информира УХМР.
Количината на врнежи за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) биле 34 Охрид, 25 Гевгелија, 12 Пожар-Радовиш, 11 Претор, 10 Крушево, 7 Битола, 6 Крива Паланка, Велес, Виница, 5 Тетово, Штип, Струмица, 4 Прилеп, Берово, Пожаране, Попова Шапка, 3 Кавадарци, Тополчани, 2 Маврови Анови, Ѓуриште, 1 Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе.

И според Euro Weather, Македонија е во групата европски земји кадешто има различен степен на временски аларм, заедно со Андора, Словачка, БиХ, Србија, Грција, Кипар, Шпанија околу Барселона, крајбрежето на Португалија, во Латвија ( Летонија ) и Словачка.

Времето и утре ќе биде исто – променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во источните делови, повремено поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
УХМР пронозира, до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво.

















