ТЕРА

REKLAMA???

ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение, објави МИА.

Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетите осудени за доживотен затвор  да се продолжи до правосилноста на пресудата, додека, по однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски се укинува мерката куќен притвор бидејќи е ослободен од обвинение.

Во обвинението за двојното убиство стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.