ТЕРА

REKLAMA???

ДОКТОРИ ОД КЛИНИКАТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОАЃААТ НА ОНКОЛОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО БИТОЛА

Од Клиничката болница- Битола денеска информираат дека добиена е согласност од министерот за здравство за соработка помеѓу Клиничката болница-Битола и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје со која се овозможува лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да вршат прегледи во онколошкото одделние во Клиничката болница во Битола.

„После секојдневните средби со болните со малигни заболувања, како и средбата со Лигата за борба против рак, направени се интензивни преговори со директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје д-р Игор Стојковски и докторите од оваа клиника, од чија страна наидовме на комплетно разбирање и подготвеност за ваков вид на соработка и се со цел за нашите пациенти да добиваат третман, односно прегледи и терапија на Онколошкото одделение во Клиничката болница во Битола“ вели вели д-р Ненси Лозанче, директорка на Клиничката болница- Битола.

Со оглед на годишните одмори, прегледите ќе се вршат еднаш до два пати неделно од страна на специјалистите од Клиниката во Скопје, а по завршувањето на  годишните одмори бројот на денови за прегледи ќе бидат зголеми.

В четврток на одделнието прегледи ќе врши д-р Владимир Ристовски.