КК Кожув – КК Пелистер 88-100
Иако почнаа како што не планираа, на крајот „зелено-белите“ ја освоија Гевгелија, стигнаа до важен триумф со кој го притискаат лидерот во шампионатот.
Отварањето на натпреварот беше во знакот на Кожув кој успеа да го заштити рекетот, а да издоминира во противничкиот. Доста рано екипата од Гевгелија стигна до двоцифрена предност која сепак расположениот Хаџифејзовиќ ја намали на едноцифрена. Во последната четвртина тимот на Марјан Илиевски рутински го приведе натпреварот кон крај.
Со „дабл-дабл“ ефект, изразен преку реализација на 24 поени и 11 скока Пелистер го предводеше Хаџифејзовиќ, додека пак репрезентативецот Стајиќ натпреварот во Гевгелија го заврши со ол-раунд издание, односно со 20 поени, осум скока и пет асистенции.
По ова коло, Пелистер е на скор од 15 победи и 4 порази, додека пак Кожув останува на осмото место, сега со ефект (8-11).












