ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЦИИ ОД ФФМ ЗА СТАДИОНОТ ВО БИТОЛА ВО ВИСИНА ДО 150.000 ЕВРА

Општина Битола ќе добие донации за изведба на рекламни паноа и за доизградба на фудбалскиот стадион Петар Милошевски.

Се работи за донации од Заштитно друштво печатница ГРАФОПРОМ за изведбата на рекламни паноа на Стадионот „Петар Милошевски“ и донација од друштвото за градежништво, производство и услуг АРХИТЕКТОН ДИЗАЈН ДООЕЛ од Битола кои го донираат својот а проектантски надзор над изведбата на рекламни паноа наСтадионот „Петар Милошевски“.
За стадионот „Петар Милошевски“ кој е истовремено и домашен терен на ФК „Пелистер“, предвидена е уште една финансиска донација – од Фудбалската федерација на Македонија. Според најавата од Советот на општина Битола – се работи за донација во вид на финансиски средства со карактер на кофинансирање со цел изведба на градежни активности на фудбалскиот стадион. Донацијате не создава директна корист за давателот ниту обврсска за враќање од примателот на донацијата, дадена за цели од јавен интерес.

„Фудбалската федерација на Македонија во изминатиот период во стадионот „Петар Милошевски“ во Битола спроведе проект за внатрешна реконструкција и модернизација на делови од стадионот. Работите опфатија уредување и доопремување на прес центарот, доопремување на просториите за новинари и ВИП секцијата, се со цел подобруавње на условите и усогласување со современите стандарди за фудбалски објекти. Проектот исто така вклучуваше изведба и поставување на нови електрични инсталации, системи за осветлување, електрични приклучоци и ИТ порти наменети за новинарите и медиумскиот дел. Во рамки на активностите кои ФФМ ги спроведе на стадионот во Битола се поставија и нови преградни ѕидови, внатрешно малтерисување и молерисување како и целосна замена и уредување на водоводната и канализациската мрежа во тоалетите и кујната во ВИП секторот. Дополнително како дело од проектот ФФМ донираше нов ЛЕД семафор за надворешна употреба со што значително се подобри техничката опременост на стадионот и условите за организација на натпреварите според барањата на ФИФА и УЕФА. Вредноста за сите овие работи коишто беа изведени од страна на Федерацијата е приближно 150.000 евра.“ – вели денеска за ТЕРА Златко Андоновски, портпарол на ФФМ.

По овие точки детаљно ќе се расправа на втората седница на Советот на општина Битола, којашто претседателот Бојан Бојкоски ја закажа за 14 овој месец, в петок.

Инаку, кога се зборува за рекламни паноа, се мисли на големи надворешни или внатрешни површини (обично поставени на јавни места) кои служат за поставување реклами, објави или промотивни пораки. Имаат маркетиншка улога и ги има различни видови. Во нив се и Билбордите, големи паноа покрај патишта, автопати или на фасади на згради. И сите се во функција на брендирањето на одредени објекти.


Само за потсетување, ТЕРА неодамна, врз основа на Законот за слободен пристап до информации до Општина Битола испрати неколку прашања кои се однесуваат на брендирањето на фудбалскиот стадион.

Инаку, претседателот Бојкоски за втората седница на Советот на општина Битола предлага 32 точки. Советниците ќе ги разгледуваат и ќе расправаат по извештаите и планот и програмата за работа на Ј О У Д Г „Мајски цвет“ за 2025 година односно 2025 и 2026, ќе расправаат за измена и дополнување на Одлуката за комунален ред, Кварталниот извештај за реализација на Буџетот во третиот квартал, серија економски програми кои вклучуват Измена и дополнувања во Буџетот, Програмата за животна средина, Програмата за уредување на градежното земјиште,Програмата за користење и одржување на јавното осветлување, Програмата за развојни планови, ценовниците на јавните комунални претпријатија Водовод и Нискоградба.