ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЦИЈА ОД ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА БРЗАТА ПОМОШ ВО БИТОЛА

Општина Новаци и градоначалникот Стевче Стевановски направија значаен придонес за зајакнување на Итната медицинска помош-служба возачи со донација на опрема што е голема поддршка за возачите кои секојдневно спасуваат животи, информираат од Општина Новаци.

„Во руралните средини како Пелагонија, каде што оддалеченоста и ограничените ресурси се предизвик, брзата и ефикасна медицинска интервенција е од клучно значење.

Оваа донација не само што ги подобрува условите за работа на медицинскиот персонал, туку и директно влијае на безбедноста и здравјето на граѓаните. Брзата реакција во итни случаи може да биде разликата помеѓу живот и смрт“ вели градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

 

Од Итната мецинска помош во Битола изразија Благодарност до Општина Новаци и градоначалникот Стевановски за нивната визија и посветеност кон заедницата и кажаа дека ова е пример како локалната самоуправа може да направи реална разлика во животите на луѓето.