ТЕРА

REKLAMA???

ДОЈДОВ, ГЛАСАВ, ЗАМИНАВ

Се на се, околу 20-тина минути траеше денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола. На неа се најдоа заклучоците кои беа усвоени на последната редовна седница околу плановите за вработувања во јавните претпријатија. Онаму каде што не беа прифатени плановите за вработување имаше предлог заклучоци во кои стоеше не колку што бараа, туку многу помалку.

Конкретно денеска едната точка беше за „Комуналец“, а втората за „Водовод“.  Збор-два дискусија и се помина на гласање. Едногласно ги изгласаа и заминаа.

Не беа сите на број, имаше кворум за работа, но имаше и такви кои доставиле известување дека имаат конфликт на интереси, а тоа значи дека се изземаат од гласање.

На седницата од пред неколку дена имаше и една забелешка, односно констатација дека како што беше речено, вработувањата во јавните претпријатија ако значат партизација, односно полнење со своите блиски, во било кое време на владеење, можело да се случи голем дел од советниците да се изземаат при расправа и гласање на седницитe.